Утрински Весник
Свет

Прв случај на коронавирус во пацифичка држава

934 нови случаи на Ковид 19, починаa пет лица

Вануату го пријави првиот случај на коронавирус, откако едно лице кое се врати од САД беше позитивно тестирано додека беше во карантин. Пацифичката држава беше една од ретките преостанати земји кои досега не биле заразени со коронавирус, пренесува АП.

Здравствените власти соопштија дека 23-годишниот маж немал никакви симптоми кога пристигнал од САД на 4 ноември и дека по пет дена бил рутински тестиран. Властите соопштија дека ќе ги задржат во карантин останатите патници од летот со кој пристигнал и ќе ги следат контактите на заразеното лице, но дека нема потреба да се воведуваат други мерки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа