Утрински Весник
Македонија

Четири куќи зафатени во пожар во Куманово

Четири куќи зафатени во пожар во Куманово

Изутринава во 2 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во куќа во место викано „Ново Куманово“. По излегување на местото на настанот од полициски службеници и Територијалната противпожарна единица Куманово било утврдено дека станува збор за четири куќи, сопственост на Т.И., Р.А., Ј.И. и В.А.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид извршила увидна екипа на СВР Куманово, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Муцунски: Културната дипломатија е сериозен инструмент за градење доверба, партнерства и долгорочно влијание

Кузеска до власта: Распишете референдум

Нов случај на семејно насилство во Охрид