Утрински Весник
Македонија

(Видео) Османи: Влегуваме во многу чувствителна фаза за нашата европска интеграција

(Видео) Османи: Влегуваме во многу чувствителна фаза за нашата европска интеграција

Влегуваме во многу чувствителна фаза во која секој од вас ги брои деновите и очекува пристојна разрешница на нашите европски интеграции, вели во порака до јавноста, министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој посочува дека кај него ваквите чувства се уште позасилени.

„Три години ги водев европските интеграции и секое утро се будев со една единствена мисла – Да ги започнеме преговорите. Тоа е нормално, човечки. Но тоа не смее да не доведе во дефетизам, имаме премногу вложено, премногу постигнато, едноставно сме премногу блиску за да си дозволиме да ја пропуштиме оваа шанса“, нагласува министерот.

Како што посочува тој, како владини претставници, не се избрани за нервоза, туку за да бараат решение.

„Имаме многу пријатели кои сакаат да ни помогнат, многу земји чиј интерес се поклопува со нашиот. Во земјите членки на ЕУ и во соседна Бугарија постои чувство за одговорност и потреба за изнаоѓање на решение“, уверува министерот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поради магла намалена видливоста на повеќе патишта

Црна точка: Нова сообраќајка на „Борис Трајковски“ кај Пинтија

ВМРО со однапред смислено сценарио за јавен линч на Филипче, велат од СДСМ