Утрински Весник
Македонија

Филипче: Славите да се одбележат само со најблиските, да нема групирања

Министерот за здравство Венко Филипче апелира славите и празниците кои се пред нас, годинава да ги прославиме само со најблиските и да нема групирања по домовите за да сеспречи натамошно ширење на заразата со Ковид-19.

Во објава на „Фејсбук“ министерот укажува дека следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на Ковид-19 и поради тоа е потребна максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски.

„Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас“, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Идната недела ќе се знае кога почнуваат протестите на ССМ

Тестирање на сообраќајните камери во Скопје од 20 до 31 јануари

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје