Утрински Весник
Свет

Изборите сè уште не се завршени, велат од штабот на Трамп

Изборите сè уште не се завршени, велат од штабот на Трамп

„Изборите сè уште не се завршени, соопштија од штабот на републиканскиот кандидат, Доналд Трамп, предмалку на „Твитер“ откако демократскиот кандидат за американски претседател, Џо Бајден, го презеде водството во броењето на гласовите во две клучни сојузни држави – Џорџија и Пенсилванија.

„Лажната проекција на Џо Бајден како победник се заснова на резултатите во четири земји, кои се далеку од конечни“, се наведува во соопштението на кампањата на Трамп.

Тие додаваат дека е побарано ново преборјување во Џорџија и забележуваат дека имало неправилности и во Пенсилванија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа