Утрински Весник
Свет

СЗО: Ковид-19 ja прекина вакцинацијата против сипаници и полиовирус

СЗО: Ковид-19 ja прекина вакцинацијата против сипаници и полиовирус

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека пандемијата на коронавирус ја запре кампањата за вакцинација против полиовирус и сипаници, поради што милиони млади луѓе се изложени на ризик да се заразат со овие потенцијално смртоносни болести.

СЗО и УНИЦЕФ апелираа итно да се обезбедат средства во износ од 655 милиони долари потребни за спроведување кампања за сузбивање на епидемии и заразни болести и на тој начин да се премости опасниот имунолошки јаз меѓу сиромашните и средно развиените земји, објави „Ројтерс“.

„Не смееме да дозволиме во битката против една опасна болест да ја занемариме борбата со другите болести“, рече Хенриета Форе и истакна дека се потребни с400 милиони долари за вакцинирање против детска парализа, плус 255 милиони за борба против сипаници.

Според неа, од планираните 91 кампања за вакцинирање против детска парализа и сипаници, 53 се суспендирани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште две села во источна Украина

Двајца рудари загинаа по уривање на тунел во шпански рудник

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште