Утрински Весник
Економија

(Видео) Маркоска: Со ребалансот спасуваме работни места, ја помагаме економијата и финансираме капитални проекти

(Видео) Маркоска: Со ребалансот спасуваме работни места, ја помагаме економијата и финансираме капитални проекти

Со ребалансот на Буџетот спасуваме работни места, ја помагаме економијата и финансираме капитални проекти, изјави Даниела Маркоска, пратеничка од СДСМ.

„Владата на СДСМ по четврти пат во здравствено- економската криза демонстрира грижливост за сите граѓани и компании преку непосредна заштита на работните места, исплата на плати во приватниот сектор, пензии, преку поволни кредити за стопанството. Она што е приоритетно, над 240 милиони денари се слеваат во здравството за да се купат тестови за Ковид 19, вакцини, но и за лекови против вирусот. 54 милиони денари издвојуваме за парична награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на заразените пациенти“, рече пратеничката.

Овој буџет, додаде Маркоска, ќе помогне да се исплатат околу 250 000 плати за октомври, ноември и декември во голем број компании во сите сектори, а обезбедуваме сериозна помош за работниците, пензионерите, социјално ранливите, самохраните родители и невработените.

„15 милиони денари се издвојуваат за занаетчиите, за нивните алати и репроматеријали, а за поконкурентно занаетчиство ДДВ на нивните услуги се намалува од 18 на 5 отсто. Финансиска помош има за угостителите и туристичките работници. Со ваквиот буџет испраќаме порака дека државата има пари и дека во период на светска здравствена и економска криза има капацитет да ги санира последиците. И не само да помогнеме онаму каде што е неопходно, нашата финансиска политика овозможува паралелно да спроведуваме и капитални инвестиции на централно и локално ниво“, изјави Маркоска.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст