Утрински Весник
Македонија

ДСЗИ: Граѓаните на кои им доцнат решенијата за изолација да се обратат до нас преку е-пошта

ДСЗИ: Граѓаните на кои им доцнат решенијата за изолација да се обратат до нас преку е-пошта

Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека граѓаните на кои им доцнат решенијата за изолација може да се обратат до нив преку електронска пошта.

„Граѓаните кои од било која причина сè уште не добиле решение за изолација, може да испратат e -mail, на следнава адреса: [email protected], со точни лични податоци и информации за адресата и место на живеење“, сооптија од ДСЗИ.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера издал 1.215 решенија за изолација и тоа во Скопје на 221 позитивни на Ковид -19 и на 152 нивни контакти, а во останатите населени места на 324 позитивни на Ковид -19 и на 518 нивни контакти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Завршен настан за проектот за бесплатен безжичен интернет, поддржан од ЕУ и Германија

Шасивари и Рокас разговарале за реформите во правосудството и препораките од Извештајот на ЕК

Променливо облачно време – 24info.mk