Утрински Весник
Свет

Италијански професор предвидува: Пандемијата ќе исчезне помеѓу април и мај

Италијански професор предвидува: Пандемијата ќе исчезне помеѓу април и мај

Пандемијата на Ковид-19 ќе исчезне меѓу април и мај следната година, тврди италијанскиот научник, професор на Универзитетот во Неапол, Франческо Санино. Тој предводи група научници и истражувачи кои претходно, користејќи математички метод, предвидоа дека нов бран пандемии ќе има меѓу октомври и ноември.

„Нашите проценки се покажаа многу веродостојни, очекувавме владата да ги земе предвид резултатите до кои дојдовме и да преземе соодветни мерки на време, но за жал тоа не беше случај“, рече професорот Сонино за „Ил Фато Котидијано“.
Според новите проценки објавени во научното списание „Сајантифик рипорт“, во Италија може да има околу осум милиони луѓе заразени со Ковид-19.Професорот Сонино тврди дека сега сме само на почетокот на вториот бран на пандемијата на коронавирусое и дека ефективноста на мерките што се преземаат сега ќе се покаже за неколку недели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Туск: Полска може да изгуби повеќе од две милијарди долари поради американските царини

Европските тунели се премали за тенковите на НАТО

Европратеници бараат „значајни акции“ од ЕУ како одговор на иницијативата за израелска анексија на Западниот Брег