Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митрески: Зборуваме за фкти, никој не преговара за македонскиот идентитет и јазик

(Видео) Митрески: Зборуваме за фкти, никој не преговара за македонскиот идентитет и јазик

Не зборуваме за допаѓање или недопаѓање, зборуваме за факти. Никаде, никој ниту преговарал за нашиот идентитет, македонски и за македонскиот јазик, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, на новинарско прашање за коментар за тоа дека од опозицијата не велат дека СДСМ разговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик, туку за бугарскиот меморандум.

Тој вели дека за СДСМ е неприфатливо да се прифати дека Македонија има бугарски корени како услов за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Митрески вели дека со Бугарија нема да се дискутира за идентитетот и јазикот.

„За идентитетот, повторувам и јазикот нема да се дискутира. Во делот на историските факти, формирана е комисија од стручњаци кои што ќе зборуваат за факти , за историски личности и за историски настани. Тоа е работа на историчарите, не на политичарите“, рече Митрески.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Измените на Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Завршен настан за проектот за бесплатен безжичен интернет, поддржан од ЕУ и Германија