Утрински Весник
Економија

Бочварски: Македонска Каменица и Саса добиваат модерна патна инфраструктура

Бочварски: Македонска Каменица и Саса добиваат модерна патна инфраструктура

Рехабилитацијата на регионалниот пат од Македонска Каменица до Саса е исклучитело важно за развој на економијата во Источниот регион посебно ако се има предвид дека овде е лоциран рудникот Саса каде секојдневно поминуваат голем број на товарни возила. Само во овој момент инвестираме приближно 23 милиони ерва во модернизација на патната мрежа во овој регион со што придонесуваме за подобро живеење и развој на економијата, истакна министерот  за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната посета на Македонска Каменица.

Министерот заедно со градоначалничката на општина Македонска Камница Соња Стаменкова, извршија увид во рехабилитација на регионалниот пат Македонска Каменица – Саса. Инвестицијата е вредна 2, 27 милион евра. Се рехабилитира траса во должина од 10 километри.

Патот треба да биде рехабилитиран до октомври следната година, но се очекува тој да биде завршен и пред предвидениот рок.

“Денеска направив увид во целосна реконструкција на патот кој поврзува две населени места во Македонска Каменица и рудникот САСА кој е еден од гигантите во Источниот дел на Земјата. Се работи за пат од должина од 10 км и вредност од 2,3 милиони евра, инвестиција која е мноу значајна за оваа делница бидејќи со години наназад овој пат не бил реконструиран. Денес се врши темелна реконструкција. Можам да кажам дека Источникот регион не е повеќе слепо црево, денеска е регион со добра равиена инфраструктура со што го стимулираме заживувањето на економијата преку развој на бизнис секторот. Околу Македонска Каменица со сите проекти инвестираме близу 23 милиони евра за рехабилитација и изгардба на нови патишта, за поквалитетен живот, за послиен бизнис во државата и за отоврање на нови работни места. Тоа го правиме многу поразлично од тоа што беше инвестирано порано”, изјави Бочварски.

Министерот потенцираше дека приоритети на Министерството е развој на поквалтетна и модерна инфраструктура.

За градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, рехабилитацијата на овој пат е од исклучително значњење за зголемување на квалитетот, мобилноста и безбедноста за граѓаните кои гравитораат кон наслениете места Саса и Моштица и рудникот Саса.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk