Двајца млади момчиња од Швајцарија, на возраст од 18 и 24 години се уапсени во Винтертур, близу Цирих, во северна Швајцарија, во врска со џихадистичкиот напад во Виена еден ден претходно, соопшти полицијата.
„Полициската истрага идентификуваше швајцарски државјани, 18-годишник и 24-годишник. Двајцата беа уапсени во Винтертур во вторникот попладне од единица за специјални намени во соработка со австриските власти”, соопшти полицијата на кантонот Цирих.
„Евентуалната врска меѓу двајцата приведени и главниот осомничен за нападите во моментов ја испитуваат надлежните органи“, додава полицијата.
#BREAKING: Police in Switzerland arrest two people in connection with terror attack in #Vienna, Austria – an 18 year old and a 24 year old. Zurich Canton Police Special Unit has made the arrest from Winterthur in joint operation with Austrian authorities. Investigations underway. pic.twitter.com/Ved2Nm3UKK
— Aditya Raj Kaul (@AdityaRajKaul) November 3, 2020
Швајцарските власти не наведоа која е причината за апсењето на двајцата млади момчиња.
„Главната задача е да се утврди дали тие биле вклучени во нападот“, соопшти полицијата во Цирих, која тесно соработува со швајцарската федерална и австриската полиција.
„Што се однесува до нападот во Виена, Федпол (федерална полиција) и разузнавачка служба ја испитуваат неговата можна поврзаност со Швајцарија, во тесна соработка со кантонските и австриските власти“, изјави за АФП портпаролката на разузнавањето Изабел Грабер.
Полицијата во Цирих исто така извести дека формирала работна група со задача да истражи дали злосторствата извршени во Виена биле поврзани со кантонот Цирих.