Утрински Весник
Свет

Претреси во Виена, полицијата со експлозив ја разнесе вратата од домот на терористот

Претреси во Виена, полицијата со експлозив ја разнесе вратата од домот на терористот

Австриските медиуми објавија дека терористот живеел во општинска зграда во Виена. Во 01:30 часот, полицијата ја разнела вратата со експлозив  и влегла во станот. По страотниот терористички напад во центарот на Виена, извршени се бројни претреси во куќи во близина на сторителот во градот Виена, а исто така и во Долна Австрија.

Во 1.30 часот, жителите ги разбудила експлозија – полицијата употребила експлозив за да влезе во станот на 20-годишниот напаѓач, за кој беше објавено дека има потекло од тетовското село Челопек. Тој околу  четири часот беше застрелан пред црквата Свети Руперт.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Швајцарија денес референдум за предлогот за законско ограничување на населението на 10 милиони

Името на Доналд Трамп утрово е отстрането од „Центарот Кенеди“

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан