Утрински Весник
Македонија

ДУИ го осуди терористичкиот напад во Виена

МНР го осуди терористичкиот напад во Виена

Демократската Унија за Интеграција целосно го осудува терористичкиот акт во Виена во кој животот го загубија невини луѓе.

„ Во овие тешки моменти за австрискиот народ, ние ја споделуваме болката со семејствата на жртвите и пријателскиот народ на Австрија. Демократската Унија за Интеграција нагласува дека Република Северна Македонија и нејзините граѓани ја поддржуваат Австрија и се рамо до рамо се меѓународните сојузници во борбата против тероризмот.

Австрија, а особено Виена е домаќин на многу семејства од Република Северна Македонија на кои постојано им нуди еднакви можности во сите области на животот, додека придонесот на австриската држава во регионот е извонреден.

Демократската Унија за Интеграција изразува искрено сочувство до семејствата на жртвите на овој ужасен настан и во оваа прилика го повторува ставот дека насилниот екстремизам нема место и никогаш нема да има во нашето општество и дека истиот мора да се искорени“ се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош