Утрински Весник
Свет

Инстаграм-фотографија на наводниот терорист од Виена, полицијата тврди дека бил симпатизер на ИСИС

Инстаграм-фотографија на наводниот терорист од Виена, полицијата тврди дека бил симпатизер на ИСИС

Пред терористичкиот напад во Виена, во кој беа убиени три лица, на „Инстаграм“ се појавила фотографија на џихадист со многу слично оружје какво што имал виенскиот терорист.

Австриската полиција сè уште го проверува идентитетот на убиениот терорист, а германски „Билд“ пренесува дека истражителите се сомневаат дека станува збор за лице чија слика е објавена на „Инстаграм“.

Според Билд, тој во понеделникот им испратил на двајца пријатели снимки од нападот на „Шарли Ебдо“ од 2015 година, кога биле убиени 12 лица, а на „Инстаграм“ објавил неколку фотографии на кои се колне на верност на водачот на терористичката милиција на т.н. Исламска држава.

На некои фотографии тој позира со пушка и мачета, а има и слика со куп муниција. Фотографиите исто така покажуваат дека тој го напишал арапскиот збор Бакијах, кој е дел од фразата – „Исламската држава останува и се шири“.

Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Неамер, изјави дека напаѓачот кој бил застрелан бил радикализиран и дека тој бил симпатизер на Исламската држава.

За време на нападот напаѓачот носел и нешто што изгледало како појас со експлозив, но се покажало дека станува збор за лажен експлозивен појас.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Преговорите меѓу САД и Русија за Украина се проширија и вклучуваат договор за нафта вреден повеќе милијарди долари

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата со домувањето, во Валенсија демонстрантите се судрија со полицијата