Утрински Весник
Свет

Германските компании кои се погодени од новата блокада ќе добијат помош

Германските компании кои се погодени од новата блокада ќе добијат помош

Компаниите погодени со новата делумна блокада во Германија треба да се пријават за финансиска помош и можат да очекуваат дека брзо ќе добијат средства, изјави денеска германскиот министер за финансии, Олаф Шолц.

Поради големиот пораст на бројот на заразени со коронавирус, Германија од денеска воведе драстични мерки со кои владата сака да го сузбие ширењето на епидемијата, а кои се однесуваат на работата на рестораните, театрите, кината и теретаните, пренесе Ројтерс.

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека Германија морала да реагира воведувајќи нови ограничувања во врска со јавниот живот со цел да се заштити здравствениот систем.

Таа посочи дека бројот на пациенти со коронавирус во единиците за интензивна нега е двојно зголемен во изминатите десет дена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија