Утрински Весник
Свет

Голем број на смртни случаи во БиХ: 31 починат и 761 новозаразен од Ковид-19

Во БиХ рекордни 16 смртни случаи како последица од Ковид-19

Во Босна и Херцеговина, во последните 24 часа биле заразени 761 лице, додека пријавени се 31 смртен случај, пренесоа тамошните медиуми.

Според податоците, 798 примероци биле пријавени во Институтот за јавно здравје на федерацијата БиХ, од кои 438 лица биле позитивни на вирусот.

Федерацијата БиХ регистрирала и 26 нови смртни случаи.

Во Република Српска во изминатите 24 часа биле направени 777 тестови, а коронавирус бил потврден кај 323 лица.

Пријавени се и пет смртни случаи на пациенти кај кои било потврдено присуство на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната