Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: Обвинителството да формира посебно одделение за гонење на напаѓачите за новинари

ЗНМ: Обвинителството да формира посебно одделение за гонење на напаѓачите за новинари

Здружението на новинари на Македонија од Јавното обвинителство бара да се формира посебно одделение кое ќе ги гони напаѓачите на новинарите.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, вели дека годинава според статистиката на ЗНМ, се случиле 14 напади врз новинарки и новинари, додека лани имало само четири.

„Денеска е меѓународен ден за прекинување на неказнивоста за злосторствата против новинарите, и затоа ќе испратиме важни пораки до надлежните институции и јавноста. Професионалните новинари не треба и не смеат да бидат напаѓани поради тоа што ја вршат својата професија“, рече Чадиковски.

Според него, иако физичките напади се намалени, се повеќе закани по животот на новинарите се забележуваат на социјалните мрежи.

„Министерството за правда да направи измени на Кривичниот законик, да се прошири надлежноста на обвинителството да постапува по службена должност по кривични дела поврзани со напади на новинари и да се зголемат казните на напаѓачите“, рече Чадиковски.

Тој го повика Обвинителството нападите и заканите до новинарите итно да се процесуираат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва во 20:00 на 4TV: Тасева и Салаи за корупцијата во Македонија

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите – 26/03/2026 

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира