Утрински Весник
Магазин

Пол Руд им подели колачиња на Американците кои чекаа ред да гласаат

Пол Руд им подели колачиња на Американците кои чекаа ред да гласаат

Sвездата на научно фантастичната акција Ant Man или човекот-мравка Пол Руд, им пружи вкусно задоволство на оние кои во четвртокот застанаа на дожд надвор од центарот Баркли во Бруклин да го предадат гласачкото ливче за претседателските избори на 3 ноември.

Пол рече дека сите гласачи заслужуваат да бидат охрабрени што го дале својот допринос.

Во разговор со порталот NowThis News, Пол рече: “Не е тешко да се гласа. Луѓето треба да добиваат слободен ден од работа, треба насекаде да има гласачки места. Ова треба да е лесно, не тешко.

„Секој што чека на ред заслужува да биде некако, на некој начин, заблагодарен и охрабрен. Една од работите што навистина охрабрува е да видиме колку многу луѓе излегуваат рано и гласаат низ целата земја.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027

Клучот до среќата не се парите: Науката има неочекуван одговор