Утрински Весник
Македонија

МЗ: Лабораториите работат со зголемен капацитет и со доволен број тестови

Уште една компанија го прекина испитувањето против Ковид-19

Министерството за здравство информира дека сите државни лаборатории располагаат со доволен број на тестови за Ковид-19, а значително се зголемени и капацитетите на државните лаборатории кои вршат тестирање за Сарс КоВ-2, Ковид-19.

„ Во вчерашната статистика, од вкупно направени 3294 тестирања, во државните лаборатории беа направени скоро 1800 теста, од кои само 1310 во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, каде деновиве речиси двојно е зголемен капацитетот“, додаваат од министерството.

Оттаму потсетуваат дека на почетокот на минатата недела во Институтот за јавно здравје функционира уште едно приемно одделение со лаборант и администратор. Со ова значително се забрза процедурата за земање брисеви за Ковид-19 и се зголеми бројот на тестирања на дневна основа во оваа установа, но и во ЦЈЗ Скопје.

Есенскиот бран ги полни лабораториите, но и болничките капацитети. Министерството за здравство апелира на одговорност од страна на граѓаните и почитување на мерките за заштита.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Куќа во Центар продадена за 1,5 милиони евра, а деловен простор достигна цена од 6,8 милиони

Приправник во МВР пукал од службен пиштол на полицаец, поднесени кривични за двајцата

Стојанче ја удира Ивана неколку часа пред смртта откриваат снимки од „Сејф Сити“