Утрински Весник
Македонија

МЗ: Двојно зголемен капацитетот на државните лаборатории за тестирање од ковид-19

Регистрирани сe 191 нов случаj на ковид-19, oздравеа 77 пациенти, починаa 3 лица

Министерството за здравство информира дека сите државни лаборатории располагаат со доволен број на тестови за ковид-19, а значително се зголемени и капацитетите на државните лаборатории кои вршат тестирање. „Во вчерашната статистика, од вкупно направени 3.294 тестирања, во државните лаборатории беа извршени скоро 1.800 теста, од кои само 1.310 во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, каде деновиве речиси двојно е зголемен капацитетот“, информираат од Министерството за здравство.

Потсетуваат дека од почетокот од минатата недела во Институтот за јавно здравје функционира уште едно приемно одделение со лаборант и администратор. Со тоа значително се забрза процедурата за земање брисеви за ковид-19 и се зголеми бројот на тестирања на дневна основа во оваа установа, но и во ЦЈЗ Скопје.

„Есенскиот бран ги полни лабораториите, но и болничките капацитети. Министерството за здравство апелира на одговорност од страна на граѓаните и почитување на мерките за заштита“, соопштија од ова министерство.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски