Утрински Весник
Свет

Болсонаро: Коронавирусот можеби е биолошко оружје, заклучувањето на државите е лудо

Болсонаро: Коронавирусот можеби е биолошко оружје, заклучувањето на државите е лудо

„Пандемијата на Ковид-19 може да биде резултат на истекување на вештачки произведен вирус од воена лабораторија“, рече бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за време на разговорот со неговите приврзаници.

Тој исто така рече дека е „лудо“ тоа што државите се повторно заклучени поради спречување на ширење на вториот бран на коронавирусот.

Болсонаро го изјави тоа по повод одлуката на бројни јужноамерикански земји да преземат построги мерки со цел да се спречи ширењето на вирусот, пренесува „Ројтерс“.

Болсонаро е инаку познат по тоа што ги критикува мерките, вклучително и останување дома и заклучување на земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Администрацијата на Трамп укинала помош од 177 милијарди долари за граѓаните

Трамп: Пристапувањето на Канада кон ЕУ би можело да се смета за непријателски акт

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ