Утрински Весник
Македонија

Откриени 459 гранати од Првата светска војна кај „Тумба кафе“ во Битола

Откриени 459 гранати од Првата светска војна кај „Тумба кафе“ во Битола

Во близина на стадионот „Тумба кафе“ во Битола биле пронајдени 459 гранати од Првата светска војна.

Според информациите на МВР,  вчера во периодот од 09.50 до 15.50 часот во Битола, при изведба на градежни работи во близина на стадионот „Тумбе кафе“ биле пронајдени 459 гранати од Првата светска војна.

Истите биле подигнати од страна на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?