Утрински Весник
Спорт

Венгер: Сакаат да ја уништат Премиер лигата

Венгер: Сакаат да ја уништат Премиер лигата

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, остро реагираше на најавите за можното основање, на европската Супер лига. Венгер смета дека зад оваа идеа се крие непријателство кон англиската Премиер лига.

„Премиер лигата е надмоќна. Останатите првенства сакаат да ја уништат таа надмоќ. Најдобро тоа ќе го направат со креирањето на европската Сулер лига. Тоа сигурно ќе ја уништи Премиер лигата на Англија“, рекол Венгер и дополнил.

„Доколку креаторите на на новата лига добијат дозвола од англиските клубот таа навистина ќе биде основана“.

На новинарско прашање дали Супер лигата е само финансиски проект, Венгер одговорил.

„Тоа е и фудбалски проект, но се наоѓаме во ера во која сопствениците на клубовите воедно се и инвеститори. А првата цел на инвеститорот е да генерира уште повеќе пари. Супер игата, од таа перспектива, можеби е само начин да се заработат повеќе пари“, заклучил Венгер.

> Венгер: Сакаат да ја уништат Премиер лигата <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција

ГРК Охрид го освои Европскиот куп!

Пелистер испадна во Втора лига, Шкендија Арачиново го сочува прволигашкиот статус