Утрински Весник
Македонија

Протести на ВМРО-ДПМНЕ против загадувањето на воздухот

Протести на ВМРО-ДПМНЕ против загадувањето на воздухот

ВМРО-ДПМНЕ повика на протести поради загадениот воздух. Протестите ќе се одржат во Скопје, Битола, Струмица, Тетово и Куманово. Протестот во Скопје ќе почне во 19 часот пред Владата.

„Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност“, порача опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор.

„Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите