Утрински Весник
Свет

Во Црна Гора 301 новозаболен од коронавирус, седум лица починале

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 301 новозаболен од коронавирус и седум смртни случаи.

Тестирани се 793 лица. Епидемиологот од Институтот за јавно здравје др. Милко Јоксимовиќ претходно денес изјави дека поради недостаток на материјал, 2.500 примероци чекаат на тестирање.

Најмногу заразени има во Подгорица – 162.

Од почетокот на јуни, 273 лица починале од последиците на коронавирусот, а од почетокот на годината 282 пациенти.

Во последните 24 часа оздравеле 234 пациенти.

Во моментов, активни се 3.625 случаи на коронавирус, а од март се регистрирани вкупно 17.392 заболени лица, пренесува Танјуг.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата