Утрински Весник
Македонија

Стојаноска: Илјадници заразени и стотици починати ѝ требаа на власта за да предложи некомплетно законско решение

(Видео) Стојаноска: Филипче единствено е посветен на парцелите и хациендата во Нерези

На денешната седница на собраниската комисија каде се дискутираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, истакна дека иако состојбата е алармантна на старо-новата Влада и требале повеќе од 40 дена за да донесе некомплетно предлог законско решение, во кој период имало илајдници заразени и стотици починати граѓани.

„Состојбата е алармантна, ќе одам хронолошки па ќе потсетам дека старо-новата Влада се избра на 30 август оваа година што знали дека се поминати 40 дена откако профункционира оваа влада, и 40 дена и требаа за да поднесе ваков предлог закон за состојба за која вие велите дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи, а ние ве чекаме да донесете едно некомплетно предлог законско решение“, истакна пратеничката Стојаноска.

Таа вели дека конкретните амандмани се нецелосни, погрешни и небулозни.

„Бројките на 30 август во однос на новозаразени чудно тој ден беа паднати од претходниот ден од 131 новозаразен, на 39 новозаразени и 4-ца починати, а вчера имавме 628 новозаразени и 15 починати лица, 40 дена и требаа на власта во кој имавме илјадници новозаразени и неколку стотици починати, за тоа опозицијата во парламентот не сноси вина, затоа што 40 дена го чекавме ова законско решение, кое дојде на 8 октомври, а денеска сме 28 октомври за кое ви текна по 20 дена да поднесете амандмани на ова законско решение кое е итно“, рече Стојаноска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Двајца пациенти со западнонилска треска во критична состојба, за уште тројца се чекаат резултати

Наместо да одговара, Мицкоски го награди Фетаи со нова функција, велат од СДСМ

ЛДП: Не гласавме за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!