Утрински Весник
Култура

Отворена ретроспективна изложба на Решат Амети во Даут пашин амам

Отворена ретроспективна изложба на Решат Амети во Даут пашин амам

Ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети со наслов „30 години уметност“ беше отворена вчера во Даут пашин амам.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, му посака успех на Амети во понатамошната сликарска кариера.

На отворањето беа присутни претставници од највисокиот протокол на политичкиот кор, претседателот на Собранието, Талат Џафери кој е и долгогодишен пријател на Амети, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, амбасадорите на Албанија и Косово во РСМ, како и уметници и професори на државните и приватните универзитети.

Изложбата е достапна во Даут пашиниот амам секој ден, освен понеделник, од 10-18 часот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“