Утрински Весник
Свет

Лавров во самоизолација – ја откажа балканската турнеја

Лавров во самоизолација – ја откажа балканската турнеја

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажа балканската турнеја, откако заврши во самоизолација поради контакт со заразен со Ковид-19. Министерството за надворешни работи соопшти дека 70-годишниот дипломат се чувствува добро, но дека се самоизолирал како мерка на претпазливост. Лавров планираше да ги посети Босна и Херцеговина и Србија на 28 и 29 октомври. Во Белград, тој требаше да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Лавров на 26 октомври се врати од Атина, каде што оствари средби со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, министерот за надворешни работи Никос Дендиас и лидерот на опозициската коалиција на радикалната левица Алексис Ципрас.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија