Утрински Весник
Македонија

Димитров на средба со советничката на Макрон, Изабел Думон

Димитров на средба со советничката на Макрон, Изабел Думон

Во рамки на дводневната работна посета на Франција, заменик претседателот на Владата задолжен за европски пршања, Никола Димитров, денеска се средна со советничката за Континентална Европа и Турција во Kабинетот на претседателот Емануел Макрон, Изабел Думон, на која се разговараше за европско интегрирање на Западниот Балкан, како гео-стратешки интерес на Унијата.

„На средбата беше реафирмирана европската перспектива на Северна Македонија и позитивната динамика на реформскиот процес, потврдено и со последниот извештај на Европската комисија, а кои се значајни за стабилноста на регионот и пошироко, во контекст на актуелните безбедносни предизвици“, соопштија од кабинетот на Димитров.

„Без разлика дали станува збор за економски или политички перспективи, нашата соработка во областа на миграцијата и борбата против тероризмот – отворањето на преговорите оваа година ќе покаже дека Франција и нејзините европски партнери може да сметаат на Северна Македонија”, изјави Димитров.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вонредно прскање против комарци вечерва во Драчево поради западнонилската треска

Митева го објави новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Task Force удри по нарко-криминалот: 241 приведен, 131 претрес и десетици килограми дрога