Утрински Весник
Економија

Намалени се увозните давачки за компоненти за производство на технолошко напредни производи

Владата попладнево ќе одлучува за ребалансот на буџетот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министрите во Владата на денешната седница донесоа одлука за намалување на увозните давачки – царинските стапки на одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи.

Со оваа одлука се прифати увозните давачки – царинските стапки за одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи во период од една година да се намалат на нивото на царинските стапки кои се применуваат при увоз на овие производи во земјите членки на Европската Унија, со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи.

„Причина за ваквото намалување на увозните давачки – царинските стапки на овие производи, е што овие производи не се произведуваат во земјата и се набавуваат од увоз, а нивните царински стапки во увозот во Република Северна Македонија се значајно повисоки во однос на царинските стапки на овие производи во примена во Европската Унија“, соопштија од Владата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите

Одржана седница на Комитетот за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е зачувана

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ