Утрински Весник
Спорт

Бартомеу не размислувал да поднесе оставка

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Претседателот на Барселона, Џозеп Марија Бартомеу, рекол дека во ниту еден момент не размислувал да го напушти клубот. Вчера водечките шпански медиуми најавуваа дека Бартомеу ќе го напушти клубот, доколку владата на Каталонија, не го одложи гласањето за недоверба на клупското раководство.

„Никогаш не размислував да поднесам оставка. Тоа би било неодговорно. Во време на пандемија треба да се носат одговорни одлуки. Лоша одлука е да се остави клубот на администраторите“, рекол Бартомеу.

Првиот човек на Барселона верува дека ќе успе и да ги реши сите проблеми кои ги има со клубот Лионел Меси.

„Разбирам дека е лут што не замина. Се обидов да му објаснам нему и на неговото семејство дека не можеме да го пуштиме. Тој е клуч на комплетниот проект на Куман. Се надевам дека во иднина ќе каже дека е среќен, дека сака да го продолжи договорот и дека тука ќе ја заврши кариерата“, рекол Бартомеу.

За потсетување, референдумот за недоверба на клупското раководство треба да се одржи на 15 и 16.ноември. Претседателските избори во клубот ќе се одржат во март наредната година.

> Бартомеу не размислувал да поднесе оставка <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонија со 22 ракометарки на турнирот „Трофеј Карпати“

Светислав Пешиќ останува селектор на Србија

Погба за односот со Мурињо: Нашиот однос беше како момче и девојка, постојано се каравме и се миревме