Утрински Весник
Македонија

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Во Скопје 11 општини имаат троцифрен број на заразени од коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 3.562, од кои најголем дел се од Аеродром (699), Карпош (547) и Центар (519). Над 400 заразени во моментов во Скопје има во Гази Баба (450) и Кисела Вода (417). Зад нив е Ѓорче Петров со 286 активни случаи, и Чаир и Бутел со 166 односно 152 активно заразени лица. Останатите скопски општини засега бележат двоцифрени бројки.

Во другите градови, најмногу заразени има во Струмица(434), Тетово (408), Куманово (331), Прилеп (316), Кочани (212), Штип (201).

Битола, Велес, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Делчево и Кичево имаат над 100 заразени со коранвирус, а останатите се со двоцифрени бројки. Во моментов нема град без активен случај.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во последните 24 часа се заразиле 561 лице, оздравени се 197 пациенти, а починале 22 лица на возраст од 35 до 88 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор