Британскиот музичар Ед Ширан донираше лични предмети, меѓу кои и ракописен текст на неговата хит песна Perfect на добротворна аукција.
Идејата за онлајн наддавање во добротворни цели е реализирана со помош на родителите на Ширан за поддршка на младите во неговиот матичен округ Сафолк, и за обнова на игралиште во Ипсвич.
Фановите исто така можат да наддаваат за неговите Лего-коцки од детството, како и билет од 3 фунти од неговата прва свирка во Фрамлингем.
Ед Ширан започна да настапува јавно во 2005 година, на возраст од 14 години, а неговата прва свирка се одржа во родниот град Фрамлингем.
Дејвид Бекам, Кајли Миног и Јусејн Болт исто така донираа предмети на онлајн аукцијата, која трае до 8 ноември.