Утрински Весник
Магазин

Ед Ширан донира лични предмети на добротворна аукција

Ед Ширан донира лични предмети на добротворна аукција

Британскиот музичар Ед Ширан донираше лични предмети, меѓу кои  и ракописен текст на неговата хит песна Perfect  на добротворна аукција.

Идејата за онлајн наддавање во добротворни цели  е реализирана со помош на родителите на Ширан за поддршка на младите во неговиот матичен округ Сафолк, и за обнова на игралиште во Ипсвич.

Фановите исто така можат да наддаваат за неговите Лего-коцки од детството, како и билет од 3 фунти од неговата прва свирка во Фрамлингем.

Ед Ширан започна да настапува јавно во 2005 година, на возраст од 14 години, а неговата прва свирка се одржа во родниот град Фрамлингем.

Дејвид Бекам, Кајли Миног и Јусејн Болт исто така донираа предмети на онлајн аукцијата, која трае до 8 ноември.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Британски возач, со брзина од 654 километри на час постави нов светски рекорд во САД

Што се случува со телото ако секое утро пиете топла вода?

До која возраст децата не треба да имаат свој мобилен телефон?