Утрински Весник
Свет

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Кинез уапсен за шпионажа – уништил хард диск пред да падне во рацете на ФБИ
Ss2

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека Техеран е одговорен за испраќање заканувачки електронски пораки до демократските гласачи.

Директорот на Националната разузнавачка служба Џон Ретклиф и директорот на ФБИ Крис Вреј на прес-конференција рекоа дека САД ќе одговорат на која било земја што ќе се обиде да се меша во изборите, пренесе „АП“.

300x250 (7)

Ретклиф прецизира дека целта на иранските „лажни електронски пораки“, кои наводно ги испраќала крајно десничарската група на приврзаници на Доналд Трамп, „Горди момчиња“, е да предизвикаат немири и да му наштетат на сегашниот претседател, пренесува Би-Би-Си.

Додаде дека податоците може да се искористат за да се пренесе погрешна порака до регистрираните гласачи, што испраќачите се надеваат дека ќе предизвикаат конфузија и хаос и ќе ја нарушат довербата во американската демократија.

Ретклиф рече дека не биле забележани слични активности од Русија, но дека тие биле свесни дека и Москва имала информации за гласачите.

„Ова се очајни потези на очајни непријатели“, рече Ретклиф.

Невообичаената прес-конференција на разузнавачките служби се одржа на помалку од две недели пред претседателските избори во САД, откако демократските гласачи во најмалку четири клучни држави добија заканувачки мејлови, за кои лажно се тврди дека доаѓаат од „Гордите момци“, во кои се предупредува дека ќе бидат прогонувани ако не гласаат за Трамп.

Се верува дека во оваа операција биле користени е-маил адреси од регистарот на гласачи.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ненадејно почина уште еден свиркач кој зборуваше за проблеми со Боинг

Протести во Грузија: Десетици илјади на улиците поради законот за „странски агенти“

Ердоган се состана со водачот на турската опозициска ЦХП за првпат по осум години