Утрински Весник
Магазин

Тифани Хадиш ја извади периката додека размислуваше за прашање во „Кој сака да биде милионер?“

Тифани Хадиш направи нешто сосема неочекувано во момент на нервоза во текот на премиерното издание на втората сезона на „Кој сака да биде милионер?“, популарен ТВ-квиз што се емитува на „Еј-би-си“.

На прашањето што јадел Тони Сопрано на финалето на „Сопранови“, Тифани видно се задлабочи обидувајќи да се сети на сцената и почна да се прашува самата себе дали точниот одговор е коктел од ракчиња затоа што тој се спрема да спие со рибите.

„Не знам“, изјави 40-годишната актерка пред водителот на шоуто Џими Кимел, додека размислуваше за прашањето од 125.000 долари.

Не можеше да се сети, и толку многу се изнервира што ја извади својата елегантна перика и почна да се удира по главата со неа.

Кога водителот почна да се смее, таа му рече „Џими, јас сум под стрес. Морав да ја извадам косата. Треба да размислувам. Треба сите пораки да дојдат во мојата глава.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста