Утрински Весник
Свет

393 нови случаи на коронавирус во Хрватска, 11 лица починале

Нова студија – коронавирусот може да преживее 28 дена на мобилните телефони и банкнотите

Во последните 24 часа евидентирани се 393 нови случаи на инфекција со вирус САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 5.070, објави Националниот штаб за цивилна заштита.Меѓу нив, 571 пациент е во болница, од кои 35 се на апарати за дишење.

Починаа 11 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно 25.973 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои 374 починаа, а вкупно 20.529  закрепнале, од кои 476 во последните 24 часа. Во моментов има 21329 лица во самоизолација.

До денеска се тестирани вкупно 400.636 лица, од кои 3.636 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков