Утрински Весник
Македонија

Сопругата на претседателот покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

Сопругата на претседателот покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“
Dik 300x250 mk

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на отворањето на третото издание на фестивалот „Ден на граѓанските организации“ организиран од програмата на Швајцарската амбасада за поддршка на граѓанското општество, „Цивика мобилитас“, а спроведуван од НИРАС од Данска и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

На отворањето на фестивалот чијшто покровител е сопругата на претседателот, во своето обраќање пред присутните во градскиот парк, таа истакна дека граѓанските организации имаат значајна улога за нашето општество бидејќи благодарение на нив се покриваат проблематики коишто би се комплетирале заедно со институциите за да може ефективно и целисходно да се решат одредени проблеми.

На фестивалот учествуваат околу 80 здруженија од кои дваесетина имаат креативни работилници и дебати за посетителите, а има и активности од видот на хуманитарни акции, едукација и заштита на животната средина, арт терапија за деца со попреченост, прва помош и тестирање за ХИВ, уметнички работилници и други активности.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Македонија на дното по стандардот на живеење, инфлацијата расте и достигна 4,5%

Скопје го предводи порастот на хипотеки – над 1.500 впишани за три месеци

Препакувале и продавале марихуана и кокаин – Кривична пријава против двајца охриѓани