Утрински Весник
Спорт

Седмо засилување за Тотенхем – пристигна Родон, Бејл не го пушташе да потпише

Седмо засилување за Тотенхем – пристигна Родон, Бејл не го пушташе да потпише

Тотенхем го комплетираа трансферот на дефанзивецот на Свонси, Џо Родон за 15 милиони фунти и покрај шегата на Герет Бејл при презентацијата да го „вратат во Велс“.

22-годишниот Родон е седмо засилување за тимот на Жозе Мурињо во летниот преоден рок, кој иако е завршен на интернационално ниво, премиерлигашите уште можат да купуваат од англиските пониски лиги.

Тотенхем во .то кое го објавија на Твитер за петгодишниот договор за Родон, неговите колеги од велшката репрезентација Бејл и Бен Дејвис одбиваа да му дозволат да влезе на тренинг-центарот на Тотенхем.

Родон е дел од академијата на Свонси и влезе во првиот тим по испаѓањето на клубот од Премиер лигата во 2018 година. Тој имаше 54 настапи за велшкиот клуб и не постигна ниту еден гол.

> Седмо засилување за Тотенхем – пристигна Родон, Бејл не го пушташе да потпише <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Бразил со гол во 95тата минута ја елиминираше Јапонија

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот