Лионел Меси бил „мета“ на амбициозен обид на Реал Мадрид да го донесат за 250 милиони евра, но аргентинската легенда на Барселона едноставно им порачал на своите најголеми ривали да „не си го трошат времето“.
Меси е „болка“ за Мадрид од неговото деби во 2004 година, но тоа не го обесхрабрило Флорентино Перез кој во 2013 година му понудил неделна плата од 450.000 евра, тврди книгата на познатиот италијански новинар, Џанлука ди Марцио „Гранд хотел калчомеркато“.
Реал наводно подготвиле осумгодишен договор, а на таткото и агентот на Меси, Хорхе му понудиле 16 милиони евра бонус, но одговорот на Меси е секако тој што го посакувале сите навивачи на Барса: „Нема трансфер, не си го трошете времето“. Да се оствареше тој трансфер, Меси ќе играше покрај својот лут ривал Кристијано Роналдо, а тој Мадрид сигурно ќе беше еден од најсилните во историјата.
When Real Madrid tried to seduce Barcelona’s Lionel Messi – AS English https://t.co/LiTGXl090t
— Real Madrid time (@RealMadridtime) October 15, 2020
> Меси на храбрата понуда на Реал во 2013 одговорил: Не си го трошете времето <