Утрински Весник
Македонија

Нови 13 основни училишта добија согласност за настава со физичко присуство

Нови 13 основни училишта добија согласност за настава со физичко присуство

Владата синоќа на седница го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, поднесени во периодот од 5 до 6 октомври 2020 година.

Според извештајот, Комисијата разгледала вкупно 39 барања од основни училишта и даде согласност за започнување на настава со физичко присуство на 13 основни училишта, додека барањата на 25 основни училишта не се прифатени.

Комисијата даде делумна согласност на едно основно училиште за настава со физичко присуство за практичната настава со оглед дека станува збор за музичко училиште.

Целиот извештај на Комисијата за барањата поднесени од 5 до 6 октомври 2020 година може да се види на следниот ЛИНК.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Градежното вештачење за „Пулс“ покажало дека не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите

Реномирано меѓународно жири ќе одлучува за наградите од официјалната селекција на филмскиот фестивал „Преку езерото“

Мицкоски: Владата не е на комфор, туку на резултати – функцијата е одговорност што секој ден повторно се заслужува