Утрински Весник
Магазин

Стиви Вондер објави две песни кои повикуваат на љубов и единство

Стиви Вондер објави две песни кои повикуваат на љубов и единство

Стиви Вондер во вторникот објави два нови сингла кои апелираaт за единство среде предизвиците на системски расизам и пандемија на коронавирусi, и рече дека ќе донира 100 проценти од приходите на едниот од нив за непрофитната организација Feeding America.

Песните Where is Our Love Song и Can’t Put It In the Hands of Faith, кои Вондер (70) почнал да ги пишува пред многу години првично биле за романтични врски, но бурните настани од изминатава година му ја пренасочиле инспирацијата, вели тој.

„Ако можам да сторам нешто за да го искористам дарот на песна за да помогнам да се нахранат луѓе, да ја споделам мојата љубов … тоа е мојата радост “, рече кантавторот на видеопрес конференција, алудирајќи на едната од двете нови песни Where Is Our Love Song.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027

Клучот до среќата не се парите: Науката има неочекуван одговор