Утрински Весник
Македонија

Обвинение за разбојници кои со француски клуч претепале човек пред полициска станица

Обвинение за разбојници кои со француски клуч претепале човек пред полициска станица

Гостиварското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против две лица кои го сториле кривичното дело – насилство.

Настанот за кој се товарат обвинетите се случил на 24. ноември минатата година, кога тие заедно повредиле едно лице и извршиле грубо насилство.

Откако оштетениот со своето семејство со возило пристигнал до полициска станица да пријави настан, првообвинетиот го удрил со француски клуч, а второобвинетиот со тврд предмет во пределот на главата.

На настанот присуствувале повеќе лица, кај кои од стореното кривично дело било предизвикано чувство на несигурност, загрозување и страв.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата