Утрински Весник
Свет

Трамп ја продолжува кампањата, следниот митинг се одржува во Пенсилванија

Трамп ја продолжува кампањата, следниот митинг се одржува во Пенсилванија
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја продолжи својата кампања во Пенсилванија, каде што ќе го одржи вториот предизборен митинг откако закрепна од Ковид-19, додека неговиот демократски ривал Џо Бајден ќе се упати кон Флорида.

Трамп беше во Флорида во понеделникот, и тоа е неговото прво патување откако беше објавено на 2 октомври дека се заразил со коронавирус. Неколку часа пред неговото заминување, Белата куќа објави дека е негативен на вирусот и дека веќе не е заразен.

Трамп ќе одржи предизборен митинг во Пенсилванија во Џонстаун. Трамп победи во Пенсилванија во 2016 година со разлика од помалку од еден процентен поен.

Анкетите покажуваат дека Бајден е во водство во земјата со седум процентни поени. Трамп оваа недела ќе ги посети и Ајова, Северна Каролина и Џорџија.

Бајден ќе ја продолжи кампањата во Флорида во вторник. Поранешниот потпретседател ќе ги посети Пемброк Пинс и Мирамар.

Повеќето анкети покажуваат дека Бајден има мала предност во однос на Трамп. Трамп победи во Флорида во 2016 година со 1,2 процентни поени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа