Утрински Весник
Свет

Привремено прекинато испитувањето на вакцини против коронавирус, се разболеа учесниците во тестирањето

Привремено прекинато испитувањето на вакцини против коронавирус, се разболеа учесниците во тестирањето

Привремено е прекинато испитувањето на потенцијална вакцина против коронавирус, којашто ја развива компанијата „Џонсон и Џонсон“, поради болест на учесниците во тестирањето. Како што се наведува,болеста на учесниците во тестирањето ја истражува независен комитет за следење на податоците и безбедноста, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се посочува дека ваквите паузи се вообичаени за време на големите истражувања во кои може да учествуваат десетици илјади луѓе.

Ова е второ одложување на тестирањето на вакцините спроведено од неколку производители во светот, откако AstraZeneca ја паузираше доцната фаза на тестирање на својата експериментална вакцина, која се развива на Универзитетот во Оксфорд, исто така, поради болеста на учесниците во студијата.

Тестовите за вакцината во Велика Британија, Бразил, Јужна Африка и Индија продолжија, но сè уште се во пауза во САД.

„Џонсон и Џонсон“ минатиот месец објавија дека нејзината експериментална вакцина против Ковид-19 произведува силен имунолошки одговор во раните и средните фази на испитувањето, по што започна последната фаза со 60.000 учесници, а резултатите се очекуваа подоцна оваа година или на почетокот на следната.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk