Утрински Весник
Македонија

Казнати 331 возачи во Скопје, од нив 93 возеле пребрзо

Санкционирани 393 возачи во Скопје, од кои 164 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 331 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола 49 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 93 прекршоци, 42 технички неисправни и нерегистрирани возила, 31 санкциониран мотоциклист. Изречени се и 36 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана