Утрински Весник
Свет

(Видео) Ким Џонг-ун се расплака и им се извини на граѓаните на Северна Кореја

(Видео) Ким Џонг-ун се расплака и им се извини на граѓаните на Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун заплака на големата воена парада и упати извинување на граѓаните на Северна Кореја, пренесуваат агенциите.

Ким во својот говор се извини за неуспехот во водењето на земјата низ бурните времиња, дополнително влошени од пандемијата на коронавирусот.

Зборувајќи на големата воена парада одржана за време на викендот по повод 75-годишнината од владејачката Работничка партија, Ким ги тргна очилата и ги избриша солзите, што е, според аналитичарите, последица на засилениот притисок врз неговиот режим, пренесува „Гардијан“.

„Нашите луѓе ми укажаа доверба, висока до небото и длабока како морето, но не успеав тоа секогаш на задоволувачки начин да го исполнам“, кажа тој, според преводот на Кореа тајмс. „Навистина ми е жал за тоа“.

Цитирајќи ги своите дедо и татко, претходните двајца лидери на Северна Кореја, Ким продолжи: „Иако ми е доверена одговорноста да ја водам оваа земја поддржувајќи ги целите на големите другари Ким Ил Сунг и Ким Џонг Ил, мојот труд и искреност не беа доволни да ги ослободат нашите луѓе од тешкотиите во нивниот живот“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет