Утрински Весник
Свет

Претседателот на Азербејџан: Путин повторно ја спаси Ерменија

Претседателот на Азербејџан: Путин повторно ја спаси Ерменија

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев го повика ерменскиот премиер Никола Пашињан да му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин за спас на неговата земја.

„ Кога Пашињан ни постави ултиматум, кога ги навреди чувствата на Азербејџанците, тој требаше да биде казнет за тоа. Ние тоа го сторивме. И нека му се заблагодари на Путин за тоа што Русија уште еднаш ја спаси Ерменија“ рекол Алиев во интервју за РБК.

Тој нагласил дека Азербејџан повеќепати и` се обратил на Москва со молба да влијае на Ерменија, која „100 отсто“ зависи од Русија, пренесе Спутник.

„ Русија, како наш сосед и земја која има заедничка историја и со Азербејџан и со Ерменија, секако, игра посебна улога. Таа се заснова и на историја и на соработка на нашите народи, како и на тежината и улогата на Русија во светот и секако, во нашиот регион“ рекол претседателот на Азербејџан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство

Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја

ЕУ до Израел: Запрете ја офанзивата во Газа, се подготвуваат нови санкции