Утрински Весник
Свет

Голем број заразени во Италија, толку случаи во еден ден немало од крајот на март

Голем број заразени во Италија, толку случаи во еден ден немало од крајот на март

Италија денеска забележа голем пораст на бројот на заразени, односно 5.372 нови случаја, најмногу од крајот на март. Во четвртокот имаше 4.458 новозаразени, а со денешниот број Италија се приближува до рекордот од 6.557 случаи од 21 март.

Досега земјата има регистрирано 343.700 случаи на инфекција. Починаа уште 28 лица, вкупно 36.111, покажуваат податоците на италијанската цивилна заштита.

До минатата недела се чинеше дека Италија ги контролира ширењето на вирусот и потенцијалниот втор бран подобро од другите европски земји. До 1 октомври бројот на дневни инфекции беше под 2.000.

Владата објави нови мерки во средата, воведе задолжително носење маски на отворено и ја продолжи вонредната состојба до 31 јануари. Можни се дополнителни ограничувања на локално ниво, онаму каде што е потребно, но нема да има нова национална блокада, изјави заменичката на министерот за здравство, Сандра Зампа.

Италијанскиот здравствен систем сега е многу помалку оптоварен отколку во март кога Италија се бореше со недостиг на болнички кревети, респиратори и маски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Украина има „неоспорни“ докази дека Русија му дава разузнавачки податоци на Иран

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО СОФИЈА: Запленети околу еден милион фалсификувани евра

Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран